Published: Tuesday, September 6, 2016 11:42
Едно лице загина во напад врз зграда на меѓународна хуманитарна организација во центарот на Кабул – Авганистан, јавува Би-Би-Си.
Пукањето започнало кога вооружени мажи влегле во зградата на хуманитарната организација Care по експлозија од автомобил – бомба.
– Четириесет и две лица, вклучувајќи 10 странци се спасени, соопшти портпаролот на министерството Седик Седики на Твитер.
Тој потврди дека има најмалку еден загинат во нападот.
Тројца напаѓачи се убиени,а досега ниту една група нема преземено одговорност за нападот.
Претходно во низа експлозии животите ги загубија најмалку 24 луѓе, а стотина беа ранети.




