Градското собрание на италијанскиот град Аматриче кој неодамна беше погоден од катастрофален земјотрес покрена правна постапка со поднесување петиција против францускиот сатиричен весник Шарли ебдо поради карикатурата на која загинатите се прикажани како лазања, а нивната крв е потпишана како италијански сос за шпагети.
Поголем дел од вкупно 295 жртви на земјотресот загинаа токму во Аматриче, познато по сосот од домати за подготовка на јадења од тесто.
– Ја почитувам слободата на сатирата и иронијата, но исто така можам да кажам дека оваа карикатура е злобна, рече претставникот на Сенатот на градот Пејтро Грасо.
Француската амбасада во Рим објави соопштение во кое официјално го огради Париз од објавената карикатура, а петицијата е поднесена во Риета.




