Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ попладнево се обрати до јавноста откако Државната изборна комисија ги објави целосните неофицијални резултати од вонредните парламентарни избори.
На пратениците им го честита изборот во Хрватскиот сабор.
„На сите вас паѓа одговорноста за развој и стабилност на Хрватска.“, рече Китаровиќ.
Честитки упати до Андреја Пленковиќ и неговата партија како релативен победник на изборите. Истакна дека слабиот одѕив е предупредување на сите дека своите должности треба да ги извршуваат најодговорно. Најави дека консултациите со партиите и независните кандидати ќе почнат веднаш по објавување на официјалните резултати од изборите.
Со оглед на тоа дека изборите нема да се повторат во ниту едно избирачко место, тоа би можело да биде веќе оваа или следната недела.
„Нема да дозвола одолговлекување и ултиматуми. Хрватска нема време за нови политички надмудрувања. Верувам дека наскоро ќе добијам доказ за владеачкото мнозинство во Хрватскиот сабор“, истака претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.
Според неофицијалните резултати, кои ги објави Државната изборна комисија по обработените 100 проценти од избирачките места, ХДЗ е релативен победник на вонредните парламентарни избори, со освоени 61 мандат, а СДП освои 54 мандати.




