Лидерите на Хрватската демокртска странка (ХДЗ) и на коалицијата МОСТ Божо Петров доцна вечерва изјавија дека се блиску до договор за коалицирање за евентуалната идна влада.
Како што изјави лидерот на ХДЗ Андреј Пленковиќ на четиричасовните рзговори станало збор за седум услови што ги поставила коалицијата МОСТ, и дека соработката ќе продолжи во етапи.
– Сакаме разговори за цел пакет, на кој нашите стручњаци ќе работат по точките од изборните програми на МОСТ и на ХДЗ. Дакаме и договор за составот на владата, ама за тоа сега не разговаравме, изјави Пленковиќ.
Тој рече дека сега се очекува до Изборната комисија и Уставниот суд да ги кажат ставовите за реултатите од изборите по што почнуваат да течат роковите за формирање влада.
На предвремените парламентарни избори што се одржаа во неделата, хрватските гласачи не и дадоа на ниту една партија во Хрватска доволно гласови за формирање влада, и иако Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои најмногу пратенички места допрва следуваат коалициски пазарења.
ХДЗ е во предност да формира влада, но ниту вторите на изборите, Социјалдемократите не се доволни за формирање на мнозинство во Парламентот.
Овие избори исто така покажа дека Хрватите се помалку им веруваат на лидерите на партиите, бидејќи за разлика од изборите пред 10 месеци, вчерашната излезност беше за 10 отсто помала.




