НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детска градинка се гради на сред Медицински центар во Кавадарци

1
By Менче Атанасова Точи on September 14, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На сред Медицински центар во Кавадарци локалната власт гради детска градинка. Објектот кој е фаза на изградба се наоѓа на неколку метри до лабораторијата каде што им се проверува крв на болните, до градинката е лоцирана и лабораторијата за микробиологија, зад него е детскиот диспанзер и вакцинациите, а спроти градинката се наоѓа амбулантата за кожни и венерични болести. Тука е и Итната медицинска помош и амбулантите за возрасни, а веднаш до нив стоматолошките ординации.

hdr
На дваесетина метри од градинката се наоѓа Центарот каде што с е дели метадонска терапија на зависниците. Од фотографиите кои ги направи НОВА може да се види дека локална кафеана со летната тераса е речиси залепена со едната страна на детската градинка. НОВА разговараше со вработени од Медицинскиот центар кои беа зачудени од ваквиот потег на локалната власт.

 

hdr

„Градинката се гради на местото на биохемиската лабораторија која ја преселија на пет метри до градинката. Како е можно некој да одлучи деца се сместат на сред медицински центар каде што доаѓаат болни и итни случаи, навистина не е јасно. Се прашуваме како тоа ќе влијае на нивната психофизички развој. Сите сме зачудени и фрапирани, а родтелите веројатно не се ни свесни каде каде ќе им бидат сместени децата“, велат за НОВА дел од медицинскиот персонал кои ги затекнавме за време на нивната смена.

img_20160912_104536

Во Кавадарци има неколку објекти кои се клонови на детската градинка кои имаат капацитет за 550 деца, а во нив се згрижени двојно повеќе, односно 1060 деца. Поради неопходната потреба од нов објект во ноември минатата година Советот на општината едногласно ја изгласал одлуката за изградба на детска градинка. Тоа за НОВА го потврдија и од кабинетот на градоначалникот Алексадар Панов.

Од писмениот одговор од Општината се вели дека при изборот на локацијата се почитувани важечките нормативи согласно ДУП на град Кавадарци, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање член 28, став 3, алинеа 3, која се однесува на Јавни институции во делот В2 каде што спаѓаат објекти од здравство, социјална заштита и детски градинки со 40% компактибилност. (Службен Весник на Р. Македонија бр.217 од 2015 година).

img_20160912_103818

„Врз основа на ова Општината има побарано и добиено позитивни стручни мислења од сите надлежни институции за издавање на Одобрение за реконструкција, адаптација со пренамена на објект од здравствена заштита во детска градинка. Врз основа на кои пристапи кон реализација на проектот Детска градинка“, се вели во одговорот на општина Кавадарци.

img_20160912_104925

Од друга страна дел од советниците тврдат дека кога предлогот бил ставен на гласање не било назначено каде ќе биде лоцирана градинката. На почетокот на оваа година градоначалникот добил согласност да за уривање на објектот на старата Биохемиската лабораторија и на тоа место да се изгради детска градинката, тврди за НОВА, Сашко Петров советник од СДСМ во Советот на општина Кавадарци.

„Точно е дека не беше утврдена локацијата кога се донесе одлуката. Ние разгледувавме неколку објекти каде што може да биде сместена градинката. Местото каде што сега се гради не е соодветно за децата. Што ќе се случи доколку некое од децата излезе од дворот и дојде во допир со некој медикамент или се боцне со шприц. Како на нивната психичка состојба ќе влијае звукот на сирената од возилата на брзата помош“, вели за НОВА Петров.

Ова не е единствениот објект кој се гради во дворот на Медицинскиот центар во Кавадарци. На местото на детската болница веќе е преселено музичкото училиште, а зад него, во непосредна близина на Итната медицинска помош се гради концертна сала. Граѓаните велат дека пред да почне изградбата и на концертната сала биле исечени столетни дрвја кои го карактеризираа просторот, им држеа ладовина на пациентите и вработените и беа гордост на кавадарчани.

img_20160912_103838

 

болница детска градинка лабораторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.