Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Александар Вулин поднесе оставка, наведувајќи дека е незадоволен од договорот Белград и Приштина кој е парафиран минатата недела во Брисел.
-Денеска пред вас и пред народот, а утре пред Владата и Српската напредна странка морам да поднесам оставка на местото на директор на Канцеларијата“, изјави Вулин за РТС.
Вулин изјави дека и за време на бриселските преговори бил против парафирање на договорот во рамки во кои на крајот беше прифатен.
-Им дадов збор на Србите на Косово дека договорот ќе биде поинаков и дека ќе успеам да го направам она што може би е невозможно“, рече Вулин, додавајќи дека во целост го поддржува барањето на Србите од Косово да се распише референдум за договорот, ја образложи оставката
директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Александар Вулин.