Најмалку 82 луѓе загинале по колапсот на осум-катна зграда на периферијата на Дака, а се верува дека бројот може да се зголеми.
Во моментов се одвива мисија за спасување на над стотина луѓе за кои се верува дека сеуште се затрупани под урнатините од зградата.
Од болницата Енам во Бангладеш изјавиле дека најмалку 700 луѓе исто така се на лекување во болницата.
Се смета дека во комплексот, во кој биле сместени три до четири фабрики, работеле до 3.000 луѓе, иако сеуште не е јасно колку луѓе биле во зградата кога таа пропаднала.