Published: Tuesday, September 20, 2016 11:42
Управата на аеродромот во Манила соопшти дека персоналот на саудискиот авион денеска по грешка упатил повик за помош поради што филипинската полиција неколку часа го опколи и го изолираше авионот на компанијата Сауди Ервејс со 300 патници.
Саудиската телевизија Ал Арабија претходно јави дека пилотот упатил повик до контролата на летање дека авионот е под закана, додека Ројтерс објави дека шефот на полицијата во Манила за локалното радио изјавил дека пистата „нешто се случува“.
Филипинската телевизија АБС-ЦБН објави снимки на кои се гледа дека авионот на Сауди Ерлајнс се наоѓа на пистата. Се претпоставува дека во него има 300 патници.




