Грчките власти уапсија девет мигранти и ангажирале интервентна полиција по судирот на мигрантите и палењето на кампот Мориа на островот Лезбос, соопшти грчката полиција.
Како што се наведува околу 5.000 мигранти и баратели на азил биле принудени да побегнат вчера од кампот откако десетина шатори биле запалени по тепачката меѓу припадници на различни националности.
– Уапсените меѓу кои има Авганистанци, Ирачани, Сенегалци и Сиријци се приведени поради насилство кои доведе до пожар. Мирот е воспоставен на островот, но ситуацијата се уште не е стабилна, изјави полициски извор за локалните медиуми, наведувајќи дека на местото биле ангажирани и 40 припадници на интервентната полиција.