НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цветков: Винариите и лозарите да се договорат кога да се бери грозјето

0
By Влатко Чаловски on September 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Винарската визба „Повардарие“ ги има исплатено сите долгови кон лозарите и решението го има добиено во понеделникот потпишано од министерот Михаил Цветков. Оние лозари кои не се исплатени е поради тоа што грозјето го давале преку прекупци а не директно со винаријата.

Ова го соопшти на денешната прес-конференција Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, на која говореше за откупот на сортата вранец, кој се одвиваше со потешкотии деновиве во Тивкешкиот регион.

Одговарајќи пак, на новинарско прашање дали имаат направено проценка за тоа колку грозје не е откупено и лозарите претрпеле штета, Цветков вели, засега немаат официјални бројки, но дека разговарал со винариите, и одлучиле доколку во иднина има оштетен род, истиот да се преработи во дестилат.

Во улога на “медијатор“ помеѓу лозарите и винариите, Цветков апелира тие да прават меѓусебен договор за тоа кога се предаде грозјето во винариите за да не дојде до негова берба и потоа да скапи, со оглед на тоа што винариите имаат одреден капацитет.

– Имајќи ги во предвид проблемите од дождот, дојде до едно хаотично берење на грозјето, а винариите имаат одреден капацитет со кој дневно можеа да примаат (грозје), практично винариите не можеа да го преработат. Од тие причини апелирам да лозарите и винариите се договорат кога да го берат грозјето, бидејќи винариите имаат различен капацитет. Кога ќе го собереме капацитет на сите винарии и грозјето оберено во еден ден, праткично тие (винариите) не можат да го преработат.Од тие причини потребен е договор, изјави Цветков.

Тој денеска најави дека државата ќе субвенционира по три денари за килограм откупено винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“.

Оваа мерка доаѓа откако винариите го информирале дека ќе го намалат откуп на грозјето бидејќи, како што истакнале, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу замји.

Според министерот, се предвидува да се откупат околу 30 до 35 милиони килограми „вранец“.

Цветков информираше дека до вчера откупени се над 43 милиони килограми грозје од кои 26 милиони се од сортата вранец, а останатите се други видови грозје.

винарии вино грозје Михаил Цветков откуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.