Published: Wednesday, September 21, 2016 09:40
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк ги повика светските лидери да преземат мерки против „терористичката мрежа“ на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, истакнувајќи дека таа ја загрозува безбедноста.
Тој наведе дека оваа мрежа не е само закана за Турција, туку и за 170 земји во светот.
Според Ердоган, ваквите бројки значат дека најголемиот дел од земјите членки на ОН се загрозени од „илегалната структура“ на Ѓулен.
Анкара го обвинува Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД дека стои зад обидот за воен удар во Турција во јули годинава и досега во неколку наврати побара од американските власти негова екстрадиција, но Вашингтон бара недвосмислени докази за негова поврзаност со настаните за кои го обвинуваат турските власти.
Неодамна Анкара и официјално побара од САД Ѓулен да биде уапсен.




