Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победници и губитници

0
By Нова ТВ on September 21, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2016 09:56

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Не е чудно што во Скопје ќе има митинг за поддршка  на Трамп, додека таква мобилизација на патриотските структури беше видливо отсутна пред последните руски избори. Вистинските организатори на митингот го знаат одговорот: победата на Единствена Русија беше едноставно – неизбежна. Еве неколку факти за тамошниот амбиент кој ни е добро познат, барем од 2011-та, кога опозицијата е сатанизирана, а нацијата анестезирана со пропаганда: со историски најнизок одѕив од 48%, (фрапантни 35% во Москва) и со само четвртина од сите гласови, вие освојувате три четвртини од мандатите. Наместо Пустец и Гора, жителите на Крим ги додавате на избирачкиот список, а најрелеватниот  институт за испитување на јавното мислење Левада го терате да се пререгистрира како странски агент затоа што објавил дека за 6 месеци рејтингот на владејачката партија се срушил за 15%. Освен апсолутното мнозинство, за секој случај, во Думата влегуваат уште тројца двојници: Комунистичката партија на Зјуганов кој не добил избори во животот, Жириновски, доживотниот агент на ФСР и Миронов кој се залага за “нов социјализам во  21 век”.

Патем, што вели најновата статистика за тоа кој, во суштина, извезува демократија и руши омилени народни режими, од што се вознемирени домашните демократи? УСАИД го намали својот глобален  буџет за 400 милиони долари, Европскиот фонд за поддршка на демократијата во моментов изнесува бедни 11 милиони евра или 50% помалку од Панорамското  тркало,  британската Вестминстерска фондација вегетира со 5 милиони фунти, а најголемиот светски per capita поддржувач на демократијата, канадската влада, го затвори својот Центар за човекови права пред четири години. Сепак, неодамнешна  студија на Харвард тврди дека по 25 години транзиција, поранешните комунистички земји, во просек, забележале прогрес, а, нивното најголемо  достигнување е тоа што станале “нормални” држави. Почитувани, и јас и вие знаеме дека последнава квалификација е спорна и од политички и од психолошки аспект, очигледно и Харвард не е тоа што беше некогаш.

Најпрецизната дефиниција која ја имам сретнато во последно време за состојбите на Западниот Балкан ја предлага “омилената” новинарка на некои македонски лидери во  2001-та, Џуди Демпси која сѐ уште има нерви да се занимава со нас. Таа вели дека регионот не е пред експлозија како што нѐ плашат истите радикали од 1990-тите, туку, во состојба  на имплозија кога се рушиме од внатре. Дури  и извиканиот референдум на нашиот почитуван гостин Додик, нема потенцијал да го запали Балканот затоа што не бара освојување на територии, (клучниот мотив за последните војни), туку задржување на постојните.

Последниве години, некои теоретичари на демократијата варираат интересна теза дека транзицискиот развој на некогашните комунистички земји директно зависи од влијанието на нивните не-комунистички соседи. Наводно, според доминантната политичка култура и останатите социо-политички и економски специфики, Чешка сѐ повеќе личи на Германија, Хрватска и Словенија на Австрија и Италија, балтичките држави на скандинавските, а Македонија, Србија или Бугарија на Турција и Грција. Во ситуација кога последниот самит на неврзаните собра само осум членки од вкупно 119, навистина е поразително сознанието дека наша единствена алтернатива е да личиме на Грција.             

Сепак, ако нашиот развој се анализира независно од надворешните влијанија, дали  стоиме подобро? На пример, Светската банка проценува според тн. три транзиции: премин од планско кон пазарно стопанство, од неутрален статус кон полноправна членка во големите евро-атлантски системи и трето, и најважно, премин кон економија на високи приходи. Во Македонија, денес, приватниот  капитал  е потчинет на државниот, односно, на квази-државниот или фамилијарен капитал, а тоа значи дека сме далеку од фукционално пазарно стопанство; кај интеграциите е јасно дека сме со најдолг стаж на чекање, а последната транзиција ја немаме  почнато. За неа се потребни 1-2 генерации, или 30-35 години и – институции. Тука не се мисли на базичните кои ги формиравме во 1991-та: Парламент  и Влада, туку, на образовен систем што ќе произведува кадри кои генерираат вредности и на административен и правосуден систем кои ќе санкционираат нивна нелегална дистрибуција.  

Инаку, за враќање на претходно украденото не треба да се нервираме. При Министерството за правда на САД со години функционира тело со симпатично име: “Иницијатива за враќање на приходите украдени од клептократи”. Неодамна  го најавија својот најголем случај до сега, една милијарда долари кои владата на  Малезија ги испрала со купување авиони, хотели и слики од Ван Гог, дури и со финансирање на филмот “Волкот од Вол Стрит”. Што е неопходно за нивен ангажман? Само еден обичен допис од СЈО.     

П.С. Сериозни хрватски аналитичари тврдат дека добиле изборен победник кој многу личи на Санадер, според харизмата и политичкиот талент, но, од него се разликува според нагонот за крадење. Следниот наш премиер, и да сака, нема да може да биде полош од досегашниот. Во сите три категории.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.