Во Шарлот, во американската сојузна држава Северна Каролина во текот на ноќта е воведен полициски час поради протестите кои веќе трета ноќ продолжуваат откако полицаец застрела афроамериканец.
Градоначалникот потпиша документ според кој полицискиот час трае од полноќ до 6 часот наутро.
Сепак протестите продолжија и во текот на ноќта, но полицијата не апсела.
Демонстраните извикуваа „Објавете ја снимката“ и целта е да извршат притисок врз полицијата да го објави видеото на кое е снимено убиството на афроамериканецот, за кој полицијата тврди дека бил вооружен, додека семејството го тврди спротивното.
За време на протсетите дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат правда во врска со инцидентот во кој беше убиен 43 годишниот Кит Ламон Скот, кој, според полицијата, не ги послушал наредбите да го фрли оружјето.
Семејството на Скот тврди дека тој немал оружје туку држел книга во рацете.
Пред полицискиот час во Шарлот беше воведена вонредна состојба и беа распоредени сили на Националната гарда.






