https://www.youtube.com/watch?v=GYJdfeAo520
Пратеници во Украинскиот Парламент се степаа по снимањето на телевизиска емисија на која дебатирале за актуелната политичка ситуација во земјата.
Владимир Парасјук веднаш по завршувањето на „Вечерната програма“ го пречекал Александар Вилкул надвор од студиото, каде започнала физичка пресметка пред новинарите поради што морало да интервенира и обезбедувањето на телевизијата.
Подоцна Парасјук го обвини Вилкул дека е агент на Кремљ кој ја донел војната во Украина и се закани дека со автомобил ќе го прегази Вилкул.
– Вилкул треба да се ликвидира, депортира, за од него да не остане ниту трага, изјави Парасјук пред камерите.
Тепачките во украинскиот Парламент се честа појава, особено кога се дебатира за политички прашања.




