НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали од предлогот на СЈО: премногу луѓе знаат кој е заштитен сведок

0
By Нова ТВ on September 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Катица Јанева бара сама да одлучува кој ќе биде заштитен сведок, наместо одлуката ја носи Совет составен од повеќе луѓе, како што налага сегашниот закон.

СЈО бара овој Совет да го нема и само таа да ги знае информациите за тоа кој ќе стане заштитен сведок во постапките кои ги води обвинителството. Ова е главната промена која ја бара СЈО, според предлогот кој тие го доставија до Собранието за измени на Законот за заштита на сведоци до кој дојде НОВА.

За одредено лице да биде вклучено во Програмата за заштитени сведоци, сега предлог поднесува Јавниот обвинител на РМ, врз основа на писмено барање добиено од надлежен јавен обвинител, судијата кој постапува по предметот или МВР.

Потоа одлучува Советот, а доколку за некој сведок треба да се продолжи програмата, повторно одлучува Советот на предлог на јавниот обвинител или раководителот на одделението.

Специјалното обвинителство смета дека премногу луѓе се вклучени во постапката за одредување заштитени сведоци, што може да доведе до протекување на информации за сведоците и загрозување на нивната безбедност.

„Вака уредената постапка во себе содржи можност за индиректно влијание над работата на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со оглед на тоа што според сегашното законско решение, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да поднесе барање за поднесување предлог до Јавниот обвинител на Р.М. за одреден сведок да се вклучи во Програмата, но не постои законска одредба која него го обврзува да постапи по тоа барање“, се вели во предлог измените на законот до кој дојде НОВА.

Според професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, Програмата за заштитени сведоци во земјава има свои слабости и е особено неповолна во овој систем кога СЈО е во спротивставена позиција со другите институции, кои се уште се под влијание на партијата на власт.

„Јанева не им верува на институциите, заради тоа што осомничената политичка елита може да има влијание врз сите овие инатанци. Не знам само како МВР ќе може да го игнорираат, тие имаат судир со другите државни органи кои се под влијание на корумпираната политичката елита“, вели Калајџиев.

Предлогот за измена на Законот за заштита на сведоци СЈО го побара уште во април, но партиите засега го игнорираат или пак бараат изговори за да не го донесат. НОВА објави дека координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери смета дека обвинителката Јанева нема право да бара измена на законите. Повеќе за односот на партиите кон предлогот на Јанева во анализата на следниот линк.

Јанева неколку пати апелираше до законодавниот дом да ги донесе измените на законот за заштита на сведоци бидејќи тие се клучни за СЈО да може да навлезе во сржта на предметите за Мартин Нешковски, „Монструм“ и „Сопот“.

Целиот тект на предлог законот прочитајте го овде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.