Published: Sunday, September 25, 2016 10:24
Полициската потрага по човекот за кој се верува дека во петокот уби пет лица во еден трговски центар во САД беше успешна. Уапсен е Аркан Четин, 20 години, роден во Турција со живеалиште во Уак Харбор во соседството на Булрингтон каде се случија убиствата.
Според полицијата нема друг осомничен за оваа трагедија и не станува збор за терористички напад.
Полицијата на Фејсбук откри страница претставена како страна на Аркан Четин, роден во Адана во Турција, град на Медитеранот. Тој студирал во Уак Харбор и работел во една продавница.
Првиот биланс на пукањето во трговскиот центар беше од 4 загинати и еден ранет но ранетиот подоцна почина во болница.




