Кандидатите за претседател на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп синоќа се соочија на првата од трите планирани телевизиски дебати пред изборите на 8 ноември.
Тие разменија навреди и водеа жестока битка околу тоа кој ќе покаже температмент, издржливост и расудување, а американските медиуми коментираат дека во неа Трамп често морал да бара излез.
Во дебата одржана 6 недели пред изборите и со анкети кои покажуваат дека се речиси изедначени, Клинтон упорно ја доведуваше во прашање подготвеноста на ривалот да биде во Белата куќа, додека Трамп нејзината издржливост во однос на здравствената состојба.
Пред телевизискиот аудиториум кој според некои мерења бил над 100 илјади гледачи, Клинтон го претстави магнатот од областа на недвижнините кој сакаше да биде и реалити шоу ѕвезда, како некој кој нема врска што зборува и е подготвен да каже и глупости само за да биде избран.
-Си живеете во вашата сопствена реалност, му рече Клинтон, обвинувајќи го дека својата политичка кариера ја лансирал користејќи ја расистичката лага дека Барака Обама не е Американец.
АФП коментира дека додека Клинтон себе си се претставувала со „искусен глас на разумот“ Трамп играл силен популист, обраќајќи им се на фрустрираните работници на кои политичарите им дошле преку глава и сакаат промени.
-Да ви кажам нешто: Хилари има искуство. Но тоа е лошо искуство, рече Трамп.
Ја обвини поранешната државна секретарка и некогашната прва дама на САД дека е „типична политичарка“, која само зборува, а ништо не прави, која звучи добро, но не работи.
Трамп во текот на 15 месечната кампања која предизвика длабоки поделби, беше соочен со тешки прашања врзани за неговиот темперамент кој воведе десничарски популизам во американскиот политички мејнстрим.
Трамп дебата на Универзитетот Хофстра ја започна со умерен тон, и во согласност со тоа неговата позната црвена вратоврска, која симболизира моќ, ја замени со сина, позната како државничка.
Но сепак со вжештување на дебата Трамп брзо се врати на вербалните напади и постојано ја прекинуваше Клинтон во текот на говорот.
Во анкетата на Си Ен Ен по дебатата на примерок од 521 гласач, 62 проценти изјавиле дека победник е Клинтон, додека 27 проценти се изјасниле за Трамп.
Дебата ги подобри и изгледите на кандидатката на демократката за влез во Белата куќа на кладилниците на интернет. Уплатите за победа на Клинтон пораснале од 6 на 69 проценти, додека уплатите на сметка на Трамп паднале од 7 на 31 процент, покажуваат податоците на новозеландската фирма Предицт, која ги предвидува исходите од политичките финансиски настани.
Изгледите на Клинтон се подобрени на ирскиот сајт за обложување ПедиПауер. Уплатите на сметка на Клинтон во август пораснале на 79 проценти.




