Болните на дијализа не добија нови 200 апарати за дијализа кои пред две години им ги вети министерот за здравство Никола Тодоров. Големиот тендер за медицинска опрема тежок 100 милиони евра ги одмина најтешко болните кои пет часа во текот на денот, три пати во неделата поминуваат на дотраeни апарати.
Пациентите се револтирани од ваквиот неодговорен однос на надлежните. Од Здружението Нефрон велат дека доколку само 1 процент од големиот тендер за медицинска опрема кој чинеше цели 100 милиони евра, се одвоеше за апарати за дијализа ќе се ублажеа проблемите. Состојбата е критична во цела држава, а поради дотрајните апарати голем дел од пациентите се заразени со хепатит Ц.