Published: Thursday, September 29, 2016 16:25
Патнички воз денеска удри во железничката станица во Хобокен, во американската сојузна држава Њу Џерси во време на утринскиот сообраќаен шпиц, јавија локалните медиуми.
На фотографии објавени од местото на несреќата се гледа воз на Транзит Њу Џерси внатре во самата станица, а околу него има урнатини.
Раша тудеј јави дека според прелиминарните информации има околу 100 повредени.
Несреќата се случила околу 8.30 минути по локално време, а причината е непозната.
Терминалот во Хобокен е транзитно место за оние кои до Њу Џерси патуваат за Њујорк.




