Јапонскиот научник Јошинори Ошуми е добитник на Нобеловата награда за медицина за оваа година, за откритието поврзано со разградување и рециклажа на клеточните компоненти.
Институтот во Каролина го награди Јошинори за “извонредните експерименти“ спроведени во 90-тите години на системот со кој клетките ја рециклираат својата содржина.
Прекинувањето на овој систем е поврзано со разни болести меѓу кои Паркинсовата, дијабетесот и карциномот.
Иако овој концепт е познат повеќе од 50 години, неговото значење е променето по истражувањата на Јошинори во 1990 година, соопшти Институтот во Каролина.
Ошуми е роден во 1945 година и во моментов е професор на Инситутот за технологија во Токио.
Со објавувањето на добитникот на наградата за медицина, започнува неделата на доделување на нобеловите награди.
Носителот или носителите на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 5 октомври, за мир на 7 октомври, за економија на 10 октомври, а за литература на 13 октомври.




