Десетици илјади жени денеска излегоа на масовен протест поради владините планови за целосна забрана на абортусот во земјата.
Во рамки на акцијата наречена „Црниот понеделник“, учесничките во протестот денеска не заминаа на работните места и не ги испратија во училиште своите ќерки.
На официјалниот Фејсбук профил на Националниот штрајк на жените во Полска како заинтересирани да учествуваат на настанот се пријавиле речиси 100.000 лица. Предвидено е протестот да трае до 18 часот по локално време.
Во различни полски градови ќе се одржат протести, концерти, средби, дебати и обуки. Сите учесници ќе бидат облечени во црно и на тој начин ќе и дадат поддршка на акцијата.
Голем број мажи денеска излегоа да ги поддржат жените, како и да подготват ручек или сендвичи за демонстрантките. Некои работодавци, исто така, го поддржаа протестот и целосно ги затворија кафулињата, рестораните и продавниците.




