Викиликс пред претседателските избори во САД на 8 ноември ќе објави нови документи токму за изборите, објави денеска основачот Џулијан Асанж, демантирајќи дека целта на тоа е да се нанесе штета на кандидатката на Демократите Хилари Клинтон.
Асанж по повод 10.роденден на сајтот Викиликс се обрати на јавноста со видео линк и најави дека до крајот на годината ќе бидат објавени милион документи, од кои некои ќе се однесуваат на влади на три држави.
-Викиликс објави 10 милиони документи во претходните 10 години. Тоа се 10 милијарди зборови, во просек околу три илјади документи дневно, рече Асанж.
Тој вети дека ќе продолжи со објавувањето, дури и ако мора да поднесе оставка.
– Документите кој ќе ги објавиме вклучуваат и значаен материјал за војната, за оружјето, за нафтата, за Гугл и за американските избори, рече Асанж, преку видео линкот од Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Тој наведе дека имало и многу погрешни цитирања кои сугерират дека Викиликс сака да нанесе штета на изборите во САД.
Порталот Тру пундид претходно објави дека Клинтон наводно сакала да изведе напад со дрон на основачот на Викиликс додека била на функцијата државен секретар.
Според пишувањето таа и Стејт Департментот биле под притосок да го замолчат Асанж неколку месеци пред тој да објави 250.000 дипломатски депеши од 1966 до 2010 година.




