Недонесувањето на законот за заштита на сведоци ќе ја отежне нашата работа, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го повтори својот став во изјава за НОВАТВ откако денеска во Собранието не помина законот за заштита на сведоци.
Ќе го повториме она што постојано го зборувавме, без тој закон остануваме немоќни да работиме одредени предмети, рече обвинителката Ленче Ристоска.
Собранието по неполн час расправа, не ги усвои предлозите за измена на Законот на СЈО и за зашита на сведоци.
Со 36 ЗА и 54 ПРОТИВ од вкупно 90 пратеници, не помина предлогот за измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство со кое се бараше продолжување на рокот за посотење на ова Обвинителство.