Британските научници кои работат во САД Дејвид Тулес, Данкан Халдеин и Мајкл Кострелиц се добитници на Нобеловата награда за физика за оваа година.
Тие наградата ја добија за откритието за тополошката фаза на транзиција и за тополочката фаза на материјата, соопшти Кралската шведска академија на науките.
Нивното истражување во текот на 70-тите и 80-тите години ја отвори вратата на претходно непознатиот свет каде материјата добива необична состојба или фаза, се вели во соопштението.
Половина од наградата ја добива Тулес, додека по четвртина Халдеин и Кострелиц.
Тулес (82) е професор на Универзитетот во Вашингтон, Халдеин (65) е професор по физика на Универзитетите Принстон и Њу Џерси, а Кострелиц (75) предава физика на Универзитетот Браун во Провиденс.




