Published: Wednesday, October 5, 2016 12:58
Добитници на Нобеловата награда за хемија за оваа година се Жан Пјер Соваж од Франција, Џ. Фрејзер Стодарт од Британија и Бернард Феринг од Холандија, за развој на молекуларните машини, најмалите машини во светот, соопшти жири комисијата за доделување на оваа награда.
Лауреатите ја делат наградата во висина од 930.000 долари за „дизајн и синтеза“ на такви молекули.
Нобеловата награда за хемија е последната во низата вакви награди од областа на науката.
Таа ќе им биде врачена на церемонијата што на 10 декември ќе се одржи во Стокхолм, на годишнината од смртта на основачот Алфред Нобел, кој почина во 1896 година.




