НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворање на новиот Социјален центар „Дуња“ во четврток

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во четврток (6 октомври) се отвора новиот Социјален центар „Дуња“. Отворањето на центарот е пропратено со целодневен настан кој вклучува изложба, концерти, дебатна проекција на филмови и др.

Случувањата ќе започнат во 16 часот со организирање на заедничка кулинарска дружба, по што следуваат концертите на бендовите „Ишарет“ и „The Local Blue“. Во 20 часот се отвора хуманитарна изложба со дела на повеќе автори, а во организација на уметникот Владимир Лукаш, проследена со настап на бендот „Фонија“ по што ќе следува и DJ сет на Васко од бендот Bernays Propaganda.

Настанот ќе заврши во 12 часот на полноќ со проекција на филмот “Battle Royale” и дискусија на тема „Прекумерното насилство во медиумските форми на забава“, организирана од дебатното кино Контра Кадар – Скопје.

„Социјалниот центар „Дуња“, кој со своето име му се опира на заборавот на политички прогресивната борка за слобода – Невена Георгиева – Дуња, ќе биде простор отворен за среќавање, самоорганизирање, вмрежување, учење, споделување на знаење, креативно изразување, социјализирање и другарство.

Центарот ќе функционира по принцип на хоризонтална поставеност и непрофитна култура, односно ќе биде волонтерски одржуван од членовите на организациите кои се основачи, како и од секој поединец или група кои ќе сакаат активно да дејствуваат во него. Секој што ги споделува овие вредности е добродојден да стане дел од иницијативата за заеднички простор устремен кон создавање подобро општество“, велат оттаму.

Социјалниот центар е заедничка иницијатива на членовите на Левичарското движење „Солидарност“, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Младинската организација „Мугра“, како и групи и поединци здружени со заедничка цел за создавање солидарен простор отворен за сите формални и неформални групи, иницијативи, движења и поединци кои сакаат да ја вдомат идејата за социјален или културен потфат, или едноставно сакаат да учествуваат во создавањето на колективен дом кој почива врз еманципаторски принципи.

Просториите на центарот се наоѓаат на ул. Рајко Жинзифов бр. 22 во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.