Северната железничка станица во Брисел и зградата на обвинителството што се наоѓа во близина, попладнево се евакуирани поради дојава за бомба, а упатено е и предупредување за наводна бомба и на станицата Брисел- Миди, јавија белгиските медиуми.
Евакуацијата е спроведена по анонимен повик според кој во овие објекти е поставена бомба, објави весникот Либр Белжик.
На местото веднаш пристигнале големи полициски сили и војска, објави агенцијата Белга.
Весникот Дерниер ер наведува дека во зградата на Обвинитеслтвото била спроведена истрага, но не е пронајдена бомба.
На северната железничка станица запрен е сообраќајот на барање на полицијата, а 20тина агенти влегле во станицата да спроведат акција.
Дерниер ер објавува дека во меѓувреме стигнала уште една дојава за бомба за станицата Брисел Миди.




