Долгогодишната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, која се смета за најмоќната жена во модната индустрија и Марк Џекобс еден од најкреативните модни дизајнери на денешницата, на њујоршката премиера на „Големиот Гетсби се појавија облечени во идентични капути.
Се работи за крзнените капути на Прада за сезоната пролет/лето 2013. Тие се украсени со белите поп арт цветови на Енди Ворхол.
Фотографијата од Винтур и Џекобс како опуштено си разговараат облечени во истите капути, ја сликала Ејми Ејстли, уредничката на Тин Вог, а пак, Грејс Кодингтон, втората жена во „Вог“ и неговата главна креативна сила, фотографијата ја ставила на својот фејсбук профил и напишала: „Среќен понеделник!“.