Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест поради кратењето на средствата за превенција од ХИВ/СИДА

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 09:50

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ денеска со протестен собир и прес-конференција пред Собранието ќе го изрази своето незадоволство од скратувањето на договорените средства во буџетот за 2017 година за Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Македонија.

Како што објави НОВА вчера глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од 2017 го прекинува финансирањето на превентивните програми за ХИВ во Македонија.

Во исто време, Владата на РМ и Минисерството за здравство го скратија буџетот на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Македонија на само 27 милиони денари од неопходните 65 милиони денари.

Глобалниот фонд го прекинува финансирањето бидејќи Македонија се декларира како средно развиена земја каде годишно има повеќе од 3200 евра по глава на жител.

Со кратењето и на буџетот, доколку поради недостиг на финансиски средства згаснат Програмите за превенција, постои опасност да се зголеми стапката на заболени од СИДА и ТБЦ, предупредуваат од невладиниот сектор.

„Грантот завршува до крај на оваа година, но ние побаравме Глобален фонд да го продолжи проектот до јуни 2017, без дополнителни средства, со парите што останаа од годинава. Со овој буџет што го додели Владата, ќе се затворат сите превентивни сервиси за ранливи групи за ХИВ. Ова значи дека одговорноста ја сноси државата доколку ескалира болеста“, изјави за НОВА, Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

Почнувајќи од 2004-та година наваму, Македонија аплицирала и добила три гранта за ХИВ/СИДА и два за туберколоза. За превенција и справување со овие болести државата досега добила вкупно 30 милиони евра. Според податоците од невладиниот сектор само за превенција на ХИВ/СИДА годишно се трошат од 800 000 до еден милион евра, донаторски средства од „Глобал фонд“.

Со овие средства се набавуваат шприцови, игли, се врши дистрибуција на кондоми на сексуалните работници и ризичните групи, се прави едукација, се печатат материјали за превенција и едукација.

Доколку Македонија не изнајде начин како ќе ги финансира превентивните програми против овие опасни болести, постои опасност да букнат на овие простори, а државата да не може да се справи со нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.