Новата гранична и крајбрежна агенција на ЕУ денеска официјално стапува во функција, помалку од една година откако беше за првпат предложена од Комисијата.
Официјалниот почеток беше означен на граничниот премин Капитан Андреево на границата на Бугарија со Турција, на кој присуствуваа комесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, бугарскиот премиер Бојко Борисов, извршниот директор на Агенцијата Фабрис Легери и други високи претстваници.
Главна задача на новата гранична служба ќе биде чувањето на надворешните граници на ЕУ во променетите околности поврзани со безбедноста и миграцијата и ќе ја замени досегашната Фронтекс.
Формирањето на службата траеше околу девет месеци од предлогот за нејзиното основање од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ.
Граничната служба ќе извршува постојана оцена на слабите места на надворешните граници. Таа ќе располага со постојан контингент од 1.500 европски граничари, подготвени за брза реакција.





