Федералните агенти бараат можни врски помеѓу мртвиот осомничен Тамерлан Царнаев во бомбашкиот напад на бостонскиот маратон и канадски боксер кој станал џихадист, убиен од страна на руските сили во 2012 година, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на брифинг на извор кој информира за повеќе детали за истрагата.
Вилијам Плотников и шест други загинале во оружените судири со руските сили во југозападната република Дагестан во јули 2012 година, додека Царнаев бил во посета на регионот, изјави изворот. 23-годишниот Плотнико е роден во Русија, но неговото семејство се преселило во Канада кога бил тинејџер.
Изворот рекол дека телото на Плотников било подготвено за погребување со локалниот имам на 14 јули. Царнаев излегува од Дагестан два дена подоцна, по пристигнувањето во Њујорк на 17 јули. Иследниците гледаат можноста тој да заминал поради смртта на Плотников, изјавил изворот.
Покрај тоа, изворот вели дека иследници се осврнуваат на тоа дали Царнаев имал каков било контакт со друг милитант, по име Махмуд Мансур Нидал, 18, кој беше убиен од страна на руските сили мај 2012, за време на престрелка во Махачкала, главниот град на Дагестан.
Родителите на Царнаев живеат во Махачкала. Можните врски помеѓу Царнаев, Плотников и Нидал прв пат биле објавени од страна на руското списание, Новаја Газета.
Освен тоа, се прегледува и ДНК на женско лице, со оглед на фактот што имало траги од ваков доказ токму на бомбата која беше фрлена од страна на бомбашите, во случајов осомничените Царнаеви.