Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска: Парламентот не одобри целосна забрана на абортусот

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 12:47

Полскиот Парламент со десничарско мнозинство денеска го отфрли нацрт законот со кој се предвидуваше речиси целосна забрана на абортусот, откако стотици жени организираа масовни протести низ цела земја.

Десничарските и либералните пратеници во Долниот дом на Собранието со 450 места се здружија и гласаа со 352 гласа против нацрт законот.

Комитетот на полскиот Парламент за правосудство и човекови права вчера го отфрли законскиот предлог и го повика мнозинството да го направи истото.

Владејачката десничарска Партија на законите и правдата која има контрола во Парламентот во принцип се изјасни за забрана на абортусот, но нејзините лидери се свесни дека мнозинството граѓани го поддржува постоечкиот закон кој дозволува абортус во одредени случаи, коментираат полските медиуми.

– Партијата се повлекува бидејќи се плаши од големиот број жени кои излегоа на протести, изјави поранешната премиерка и пратеник од либералите Ева Копач по гласањето.

Десетици илјади жени облечени во црно во понеделникот излегоа на протести ширум земјата против преложениот закон за забрана на абортусот, носејќи транспаренти “Владата не е како бременоста- може да се прекине“.

Владејачката партија предложи текст на закон со кој прекинот на бременоста ќе биде дозволен само доколку животот на мајката е во опасност, а максималната казна за лекарите кои ќе извршат абортус се зголемува од две на пет години затвор.

Влијателната Католичка црква во Полска ја одобри иницијативата за овој закон, иако се спротивстави на идејата жените да бидат казнувани со затворски казни.

Законот кој во моментов е на сила, усвоен во 1993 година, забранува секаков прекин на бременост доколку таа не е последица на инцест или силување, доколку не е загрозен животот на мајката или доколку фетусот нема сериозни деформации.

Минатомесечната анкета покажа дека 74 проценти од Полјаците сакаат овој закон да остане на сила.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.