Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе го продолжи договорот со Барселона. Медиумите во Шпанија објавија информација дека Суарез со каталонскиот клуб ќе потпише нов договор до 2021 година, кој му гарантира годишна заработка од 16 милиони евра.
Продолжувањето на соработката би требало да биде означено до крајот на годината, а според новиот договор Суарез ќе заработува еднакво како и Нејмар. Од нив единствено повеќе платен ќе биде Меси со четири милиони повеќе.
Суарез за Барселона игра од 2014 година каде дојде од Ливерпул.