Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изјави дека во последните 10 години добивал пари од ЦИА, но суми кои не биле големи.
„Оваа помош беше многу продуктивна и ние им благодариме“, потврди Карзаи, нагласувајќи дека парите добиени од ЦИА биле користени за добри работи, меѓу другото и за помош на ранетите и болните.
Њу Јорк Тајмс објави дека ЦИА за период од околу 10 години на канцеларијата на Карзаи ѝ дала десетина милиони долари во готово, спакувани во патни торби.
„Ние тоа го нарекуваме невидливи пари. Пристигнале тајно и заминале тајно“, потврдил за весникот, Халил Роман, кој бил заменик шеф на кабинетот на Карзаи од 2002 до 2005 година.
ЦИА давала пари за со цел да наметне влијание, но единствено придонела за ширење на корупцијата.