Адвокатите кои го застапуваа единствениот преживеан од групата исламисти што минатата година ги извршија терористичките напади во Париз и убија 130 лица, денеска соопштија дека веќе нема да го застапуваат.
Салах Абдеслам, кој беше уапсен на почетокот на годинава, сега е во затвор во близина на Париз.
– Тој не сака да зборува ниту, пак, сака правни застапници, рекоа неговите адвокати Франк Бертон и Свен Мари за телевизијата БФМ.
-Уверени сме, а и тој самиот рече дека нема да зборува и оти ќе го искористи своето право да се брани со молчење. Што можеме да направиме? Јас уште на почетокот реков дека ако мојот клиент инсистира да се брани со молчење, јас не можам да го бранам , изјави адвокатот Бертон.
Според него, Абдеслам е „доведен до лудило“ со постојаниот видеонадзор во затворот.




