Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли тврдењата дека неговата земја се меша во претседателските избори во САД, како “смешни”.
-Не сме виделе ниту еден факт, ниту еден доказ за тоа, додаде тој.
Во интервју за Си-Ен-Ен со Кристијана Аманпур во Москва, Лавров рече дека е “ласкаво” да се каже дека американски официјални лица сметаат дека Русија се меша во изборите, но обвинувањата се неосновани.
САД минатата недела ја обвини Русија дека стои зад серија на хакирани е-мејлови, вклучувајќи ги и комуникациите од Националниот комитет на демократите.
Демократите ја обвинија Русија дека со објавување на мејловите, бенефит ќе има републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Белата куќа соопшти дека ќе одговори на наводнитe руски сајбер напади со “пропорционалeн” начин, без детали за она што би можело да биде одмазда.
Запрашан за овие закани, Лавров рече дека: “… Не е достојно за тоа, верувам, да се шпекулира, но ако тие одлучиле да се направи нешто, нека го направи тоа. Но, да се каже дека Русија се меша во “домашните работи на САД, е смешна”.