Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за именување на поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш, на позицијата Генерален секретар на светската организација.
Претседателот на Генералното собрание на ОН, Питер Томпсон, соопшти дека се надева дека именувањето на Гутереш ќе биде потврдено едногласно.
Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември.
Португалецот би требало да стане деветти Генерален секретар на ОН во 71-годишната историја на организацијата. Во Генералното собрание има претставници од 193 држави.
Освен што бил премиер на Португалија, од 1995 до 2002 година, Гутереш десет години,од 2005 до 2015 година, бил на позицијата висок комесар за бегалци на ОН.




