Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната безбедност, партиската полиција и човековите права

0
By Нова ТВ on October 13, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2016 14:37

Автор: Павле Богоевски, граѓански активист

Корпусот на човекови права е темелниот систем на вредности околу кој е креиран уставниот поредок во демократските општества. Тоа значи дека целиот правен систем е поставен на начин којшто треба да ги задоволи барањата на концептот на човековите права, а нивните прекршувања се казниви со закон. Клучната работа која тука треба да ја имаме во предвид е дека демократијата е систем на компромис. Поинаку кажано, државата има право и можност, преку законски интервенции, да ги ограничува слободите и правата на луѓето, во име на заштита на повисок јавен интерес. И токму во тоа е разликата помеѓу прекршување и  ограничување на слободите и правата. Прекршување е спречување на индивидуа или колективитет во практикувањето на нивните права на начин кој е спротивен на законските одредби, додека ограничувањето е прецизно утврдено со закон (како што е ограничувањето, односно лишувањето од слобода на движење на граѓанин кој извршил кривично дело за кое е предвидена затворска казна).

Можеби најголемиот јавен интерес поради кој се ограничуваат човековите слободи и права се потребите на безбедносниот систем на државата. Тука не спаѓа само државната безбедност како концепт, туку вкупната безбедност во државата – системот на јавната безбедност, безбедноста во сообраќајот, разузнавачкиот и контраразузнавачкиот систем и сл. Во сите демократски општества, почнувајќи од најмногу, па до најмалку развиените, балансот помеѓу потребите на државниот безбедносен систем и корпусот на човековите слободи и права е најчуствителната и најпроблематичната работа во целата демократска равенка.

Полицијата игра клучна улога во гаранцијата на човековите слободи и права, но и во безбедносниот систем на државата. Во современите општества, армијата и одбрамбените вооружени сили се користат само за остварување на безбедносните интереси надвор од државата и за одбрана на државата од надворешни агресори. На самата територија на државата, полицијата (во најширока смисла на зборот) е државниот апарат на примена на сила. Таа е единствениот субјект кој има право, но и обврска да примени сила за да го обезбеди јавниот поредок. Поради тоа, нејзината поставеност и функционирање се пресудни не само за гарантирање на поединечните слободи и права, туку и за гарантирање на вкупниот демократски дух на самото општество.

Проблемот настанува кога тој државен апарат на присила ќе биде присвоен, односно злоупотребен поради лични интереси (без разлика дали се политички, партиски, криминални или друг тип интереси). Самата поставеност на полицијата ја прави неизбежно и нужно зависна од носителите на политичката моќ во општеството. Со неа раководи министер кој/а е во состав на извршната власт. И тоа, само по себе, е во ред. Политичката пратија кој ќе победи на избори, треба и да управува со државниот апарат на присила. Целта на ова е имплементација на безбедносните политики кои биле изгласани од граѓаните на слободни, фер и демократски избори. Но, најголемиот проблем со оваа поставеност е што носителите на извршната власт се во практична можност ужасно да го злоупотребат безбедносниот систем на државата.

Поради тоа, механизмите на контрола и надзор се неизбежен дел во работењето на секој сегмент од власта. Ова е најзабележливо кај полицијата. Во моментот кога механизмите на контрола и надзор врз полициското работење (Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, народниот Правобранител и собраниските Комисии) ќе потфрлат во својата дејност, тогаш единствена „линија на одбрана“ на граѓаните од полицијата останува самата полиција – луѓето, индивидуалните полицајци и нивната професионалност. Но, во општества во транзиција, каде во претходното уредување полицијата и официјално била само алатка во рацете на власта, полицискиот менталитет на изедначување на интересите на власта со интересите на граѓаните и државата не може да се промени без ефективна внатрешна и надворешна контрола и надзор. Токму така, се создава „магичниот круг“ на статус кво – отсуството на ефективна контрола и надзор придонесува кон поголема инструментализација на полицијата, што за возврат уште повеќе го спречува секој иден обид за воспоставување на контрола и надзор. Дополнителен и можеби клучен фактор во целата приказна е канцерогената партизација на полициските структури и поставувањето на партискли, а не професионални кадри на одговорни и раководни места. Во таа ситуација, самата полициска структура се гледа себе си како продолжена рака на власта. Приврзаниците на партијата на власт уживаат во привилегиите, приврзаниците на опозицијата чекаат да дојде нивното време, а професионалците едноставно пливаат амебично во сивилото, плашејќи се да не ја дигнат главата премногу високо и да не почнат да бидат трн во нечии очи. Дополнително, оваа инерција резултира со искривување на сфаќањето за тоа што би требало да биде полицијата. Таа не го истражува криминалот направен од власта (не оној ситниот, како што би било злоупотребата на службената положба од страна на поединечен припадник на владеачката партија кој откажал послушност или кој поради која било друга причина партијата ќе раши да направи пример од него; туку оној, навистина крупниот и опасниот криминал, кога цели институции, па и министерства се злоупотребуваат во партиски и криминални цели). Кога тоа се случува доволно долго, граѓаните го забележуваат и едноставно не ја перцепираат полицијата како свој сервис, туку само како тупаницата од долгата рака на власта. И тоа не можат да го променат сите фиктивни проекти на Владата за приближување на полицијата до граѓаните, а граѓаните пак остануваат на милоста на политичката структура на власт.

Крајниот резултат е сведување на полицијата на соучесник во криминалот на власта. Уште повеќе, на овој начин власта може партиските (па дури и криминалните) интереси да ги прикаже како државни интереси, како интереси на државната безбедност – а своите критичари и опоненти како криминалци. Бидејќи тогаш полицијата е слепа, нема и глува, па нема кој да каже поинаку.

А се што треба да направиме е да го прекинеме кругот. Еднаш и засекогаш.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.