Турската влада отпуштила 109 воени судии, соопшти Министерството за одбрана на Турција, со што продолжува серијата отпуштања во земјата, во кои досега без работа останаа повеќе десетици илјади државни службеници поради сомневања за поврзаност со неуспешниот пуч.
Турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители, за „да ги искоренат приврзаниците на имамот Фатула Ѓулен“, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот пуч.
Турска државна агенција Анадолија наведува дека 184-те судии и обвинители се суспендирани поради користење на апликацијата за размена на пораки „БиЛок“.
Претставници на турската разузнавачка служба идентификувале 56.000 корисници на оваа мрежа која, како што тврдат, од 2014 година ја користат и следбениците на Ѓулен.




