Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервјуто на Трамп во српски Недељник било лажно

0
By Нова ТВ on October 14, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 14, 2016 09:48

Српскиот весник „Недељник“ го повлече написот во кој се наведува дека американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се извинил за американската улога во бомбардирањето на поранешна Југославија во 1999 година.

Весникот објаснува дека најверојатно бил измамен при објавувањето на сега дискредитираното интервју во кое Трамп ветува нова политика спрема Балканот доколку биде избран за претседател.

– Трамп никогаш не дал интервју за српскиот магазин „Недељник“ како што погрешно е објавено, ниту такво интервју било водено преку нашиот директор во Индијана Сузан Јаворовски, изјави Џејсон Милер, советник за комуникации во изборниот штаб на Трамп.

По повод соопштението на изборниот штаб на Трамп дека не се извинил на Србите за бомбардирањети во 1999 година и дека интервјуто во весникот е фабрикувано, редакцијата на Недељник соопшти дека „или упаднала во жариштето на изборната кампања или пак е измамена од Владимир Рајчиќ, кој бил врска за ова интервју“.

Редакцијата на Недељник наведува дека во следните денови ќе истражи дали е жртва на измама и притоа упати извинување до читателите.

– Весникот повеќе од една година се обидуваше да добие интервјуто со Доналд Трамп, откако бизнисменот се вклучи во претседателската трка. Се покажа дека како што тоа обично се случува во американската политика, дека по формален пат не можеше многу да се направи, но можеше преку лични врски. Владимир Рајчиќ, српски продуцент и глумец од САД кој во повеќе наврати ни приложи докази дека е близок со луѓето од опкружувањето на кандидатот за потпретседател Мајк Пенс, се понуди да помогне Недељник да дојде до ова интервју, се наведува во соопштението од редакцијата објавено на веб страницата.

Претставничката на изборната кампања на Трамп од Индијана Сузан Рајдер Јаворовски вчера изјави дека српскиот весник Недељник објавил цело фабрикувано интервју со Трамп.

Недељник објави делови од интервјуто за кое наведува дека е со Трамп водено токму преку советничката Јаворовски, која е надлежна за неговата изборна кампања во Индијана.

Таа тврди дека интервјуто никогаш не е направено.

-Немаше интервју со Трамп за Србија, изјавила Јаворовски за сајтот Политико. „Не знам од каде им е тоа. Јас никогаш не сум посредувала за какво било интервју со некој срски новинар“, тврди таа.

Како што се истакнува во реакцијата на редакцијата на српскиот весник, прашањата му биле испратени на почетокот на септември, а на весникот му било кажано дека наместо на поставените шест, ќе добијат одговор на пет прашања.

Редакцијата тврди дека одговорите стасале на 9. октомври.

-Стигнаа рано наутро по српско време, неколку часа по втората дебата на Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Меилот што го добивме беше од Сузан Јаворовски, инаку шефица на изборниот штаб на Трамп за Индијана и една од медиумските советници, пишува весникот.

Исто така, редакцијата на Недељник истакнува дека им е речено дека Трамп ги сослушал прашањата „бидејќи му биле важни гласовите на Американците со српско потекло“, а заедно со реакцијата на весникот е објавена и фотографија на Рајчиќ со потенцијалниот потпретседател на Трамп Пенс и со Јаворовски, која тој им ја приложил како доказ за веродостојноста.

– Во тој случај вината е наша и само наша. Му поверувавме на соговорникот кој ни обезбеди докази кои ги побаравме и не ја исполнивме нашата професионална должност до крај да се сомневаме во нив, се вели во извинувањето од редакцијата на Недељник до читателите.

Сепак весникот наведува дека не е исклучено и луѓето од штабот на Трамп да си го „прегазиле зборот“.

– Не би било ни прв ни последен пат Трамп да си го прегази зборот. Немаме причина да не веруваме дека од слични принципи се водат и луѓето од неговата кампања. Кога интервјуто не ги постигна ефектите кои спред нив требало да ги има, тие се откажаа од неговата автентичност. Сведоци сме дека Трамп ги демантира и видео снимките на кои јасно се слуша што зборува за жените“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.