Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров:Здравството не е идеално, но се развива

0
By Нова ТВ on October 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 15, 2016 17:44

Здравството не е идеално, има и ќе има многу проблеми и предизвици, но секогаш кога го оценувате правете го низ призма на споредба, какво било и какво е сега. Немаме најдобар здравствен систем, но тој постојано се развива со согласно со мудра стратегија, се инвестира еднакво во сите негови столбови, во инфраструктура, опрема и во човечки капацитети, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „За здрав живот“.

Набројувајќи ги новините во здравствената политика, го посочи проектот „Мој термин“ и праша дали во минатото пациентот можел во точно одреден термин да оди на лекар. Посочи дека според анкетите, 70 проценти меѓу пациентите и меѓу вработените во здравството се задоволни од таа реформа.

Тодоров ги наброја набавката на амбулантни возила за итна помош, комјутерски томографи, магнентни резонанци и ангиографи, државната кардиохирургија, детската кардиохирургија, новата болница во Козле, едукацијата на лекарите во странство.

Во 2005 година,  пациентите биле приморани да чекаат и да умираат или, оние што имале пари – да одат во соседни земји. За интервентна кардиологија, рече Тодоров, пред десет години се чекало од шест до осум месеци, а на Онкологија пациентите со тешки малигни болести чекале една година зрачна терапија за која денес се чека три подготвителни дена.

На панел-дискусијата „За здрав живот“ учествуваа и директори на клиники и болници и претставници од министерствата за здравство и за животна средина и просторно планирање.

здравство споредба Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.