Луксембуршкиот премиер сака да ги шокира Европјаните, da можат да сфатат колку е вредно патувањето без граници и пасоши. Ксавиер Бетел им предложи на земјите членки на Шенген зоната да ги затворат границите барем 24 часа. Само така луѓето ќе сфатат што значи контрола и чекање со часови на граница. Ke почнат да ја ценат оваа европска придобивка.
Шокирани се и функционерите на Европската унија поради нивниот бивши шеф Хозе Мануел Баросо. Откако се прочу дека тој ќе работи во банката Голдман Сакс, виновна за последната финансиска криза, луѓето поднесоа петиција со над 200.000 потписи до Комисијата во која се бара да се сопре ова вработување. Однесувањето на Баросо е неморално и неодговорно, особено сега кога Унијата е во криза, вели петицијата.
На крајот една за Европа добра вест. Процентот на невработеност во Унијата падна на 8,6 отсто. Последен ваков пад имаше пред 7 години. Падот е забележан во сите земји членки освен во Хрватска.




