Медиумите во Грција јавуваат дека Јоргос Герменис, пратеникот на Златна зора се обидел да го удри градоначалникот на Атина, Каминис, во делот каде се делеле велигденски свеќи на деца, но бил запрен од обезбедувањето на градоначалникот.
Во инцидентот е повредено едно 12-годишно девојче.
При нападот Герменис се обидел да го извади и својот пиштол, изјавил неименуван очевидец. Во изјава за радио Вима, Каминис ги потврди сите наводи.
Грчката полиција утрово употреби солзавец на плоштадот Синтагма за ги спречи припадниците на неофашистичката партија „Златна зора“ да ја организираат акцијата за делење храна „Само на Грци“.
Полицијата утрово беше на плоштадот откако градоначалникот на Атина побара од министерот за јавен ред Никос Дендиас силите за спроведување на законите да интервенираат и да ја спречат партијата да го одржи настанот. Каминис истакна дека добротворниот настан не е легален и нема дозвола за одржување. Тој нагласи дека нема да дозволи да се одржи настан што поттикнува омраза.