Над 20 луѓе се повредени денеска при судар на два патнички воза во тунел во белградската населба Тошин Бунар, соопшти началникот на Секторот за вонредни состојби на белградската полиција, Сања Вуксановиќ-Жугиќ.
Сите повредени се пренесени во белградскиот Ургентен центар или во Клиничкиот центар – Земун и дека се уште се чекаат болничките извештаи за тежината на нивните повреди.
Како што јави „Танјуг“, несреќата се случила околу 13:30 кога возот што сообраќал на релација Белград – Нови Сад удрил во композиција што патувала од српскиот главен град кон Шид.
Според неофицијалните информации се работи за полесно повредени лица, додаде портпаролот на белградската служба за Брза помош, Нада Мацура во изјавата за Танјуг.