Во Пакистан е убиен државен обвинител, кој има учествувано во истрагата за убиството на поранешната премиерка на земјата, Беназир Буто, меѓу останатите негови случаи. Според полицијата, Чаудри Зулфикар бил погоден од повеќе куршуми, a nападот со мотоцикл го извеле непознати лица во близина на неговата куќа во Исламабад. Неговиот телохранител бил повреден.
Зулфикар работеше за државните истражни власти ФИА на расветлување на нападот врз Буто, која беше убиена во 2007 година во предизборна кампања.
Поради овој случај Зулфикар требало да учествува во еден процес на анти-терористичкиот совет на еден суд во градот Равалпинди. Според извештај на ОН во 2010 година не се исклучува можноста дека во нападот биле вмешани и високи по ранг пакистански воени лица.
Во врска со убиството на Буто, пакистанските истражни органи водат истрага и против поранешниот водач на војската Первез Мушараф, дека не пружил доволна заштита. Поради обвинувањето Мушараф се наоѓа во домашен притвор.
Убиениот пакистански државен обвинител истрага водеше и против осомничените ко-учесници во атентатите од Мумбај во 2008 година, кога во овој индиски град беа убиени 166 луѓе.