Претставникот на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ, на Денот на слободата на медиумите ги повика сите држави-членки да преземат вистински акции со цел безбедност на новинарите:
– Длабоко загрижува што во 21 век одбележуваме уште еден ден на слобода на медиумите во кој тема е безбедноста на новинарите. Заканите, заплашувањата и физичките напади врз претставниците на медиуми ескалираат, констатира таа на конференција на УНЕСКО во Сан Хозе.
Потребно е секој член на медиум онлајн и офлајн да биде во состојба за работа без страв од насилства и заплашувања. Бебзедноста е основен предуслов за слободно изјаснување и слободни медиуми, наведе таа.
Мијатовиќ покрена заедничка декларација за заштита на слободата на изјаснување, заедно со известителите за слобода на медиумите од ОН- Организацијата на американски држави и Африканската комисија за човечкови и граѓански права, кои присуствуваа на конференцијата на УНЕСКО