Во Берлин денеска се одржува состанок на 90 пратеници на левоориентирани партии на кои ќе се бара можност за соработка во иднина, за да се зголемат шансите за формирање влада без конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, јави Асошиетед прес.
Според Агенцијата на состанокот учествуваат социјалдемократите, Зелените и Левицата кои заедно владеат во една од германските покраини, но досега беа премногу поделени за да можат да се здружат на национално ниво.
На денешниот состанок нема да присуствуваат влијателни пратеници од овие партии и не се очекува да биде донесена конкретна одлука, но Јан Корте од Левицата за државната телевизија АРД изјави дека е важно да се покаже дека „постои алтернатива“ за Меркел, која во моментов е на власт во коалиција со социјалдемократите како малцински партнер.
Парламентарните избори во Германија треба да се одржат нареднава година.




