Во налетот на силното торнадо кое синоќа го зафати северниот дел на Италија повредени се 11 луѓе.
Торнадото, какво во тоа подрачје не е видено со децении, било проследено и со град чии замрзнати зрна биле со големина на лимон.
Неколу семејства остааа без своите домови бидејќи во невремето целосно беа однесени покривите на куќите и беа искршени нивните автомобили.
Материјалната штета е многу голема – целосно се уништени земјоделските култури.
Најтешко е погодено подрачјето меѓу Модена и Кастелфранк.
Погледнете ја аматерската снимка во видеото.