Се запали светиот оган во Ерусалим. Илјадници луѓе присуствуваа на слегувањето на оганот во храмот на Светиот гроб.
Светиот оган се појави во олтарот, „измолен“ од Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети.
Чудото се случува секоја година пред најголемиот христијански празник Велигден. Илјадници верници од целиот свет се собрираат во црквата „Воскресение Христово“ во Ерусалим, за да бидат дел од церемонијата на палење на Благодатниот оган.
Црквата е изградена на местото каде што Исус бил распнат, погребан и воскреснал.
Патријархот и оваа година им го предаде огнот на верниците, кои запалија од него 33 свеќи – по една за секоја година на Христос.
Многумина од верниците го чекаат оганот и со страв: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место.
Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа.