Осудените хомосексуалци и бисексуалци, поради „сексуални прекршоци“, кои сега се укинати во Велика Британија, ќе добијат постхумна аболиција, најави владата од Островот.
На мажите кои биле осудени поради истополови врски ќе им биде поништен “криминалот“.
Според поднесувачот на овој амандман, лордот Шарки ова е значајна промена.
Законот го носи името на математичарот и значајна фигура во Втората светска војна, Алан Туринг, кој го открил кодот на германската машина за кодирање, „Енигма“.
Туринг е уапсен и хемиски кастриран за „нечесност“, а беше аболиран во 2013 година, постхумно.
Сите починати мажи кои биле осудувани под вакви обвиненија ќе добијат автоматско извинување од владата. Сите оние кои се сé уште живи, пак, ќе можат да аплицираат во Министерството за внатрешни работи, за прекршокот да биде избришан од нивното кривично досие.
Од 65.000 мажи кои биле осудени додека хомосексуалноста и бисексуалноста сé уште биле кривично дело во Велика Британија, 15 илјади се живи.




